Целосен молк од страна на владата на ДУИ и СДС за сомнителните тендери, кои директно се поврзани со Димитар Ковачевски, каде што фирмата Аитоникс за 3 години добила над 40 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во рок од 3 години, во два посебни тендери од криминалната влада на ДУИ и СДС добила фирмата Аитоникс на Марко Андонов, тендер за софтверски лиценци..
Лицето Марко Андонов, кој е претседател на одборот на директори на фирмата Аитоникс е колега на приватен факултет токму на Димитар Ковачевски.

Нема одговор од СДС дали блискоста на Ковачевски и Андонов е најголемата причина за добивање на тендерите токму на оваа фирма.
Нема ни одговори зошто првиот тендер вреди 15 милиони евра, а три години потоа во 2023 година истиот тендер вреди 10 милиони евра повеќе или 25 милиони евра.

ДУИ и СДС наместо да делат криминални тендери на лица блиски до нив, можеа да го решат проблемот за 15 години на над 40 илијади дијабетичари во Македонија за кои за терпија годишно трошат над 250 илијади евра.
Наместо 40 милиони евра за криминален тендер за софтвери, владата можеше за неколку години да го реши проблемот на болните од цестична фиброза со набавка на лекот трикафта.

Македонија тоне во криминал, секој ден нов криминален тендер, секој ден граѓаните се посиромашни а власта мува не ја лази и бара начин како да украде некој денар повеќе.
Одговорност за секој криминален тендер, за секој криминал и за секое уназадување на државата ќе има, додаваат од партијата.