Лицемерството и играњето со чувството на народот од страна на СДС одамна ја помина границата. Глумењето дека до пред 1,5 година не беа на власт не им поминува. Сите штетни договори, тендери и закони се потпишани во нивно време, па и оние што ги укинаа, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Таков е и КЗ, односно членот 353, со кој си се амнестираа од криминалот, а со тоа си ги заштитија своите функционери, кои се синоним за криминал и корупција.
Сега лицемерството оди дотаму што поднесуваат амандмани да го врателе законот каков што бил пред 2023 година. Па, господа од СДС, кој го избриша тој закон? Токму вие!
На граѓаните им е јасно кој води искрена, а кој лажна политика. Вакво лицемерство, ваква надменост и лоша визија одамна немало.
Новиот КЗ, што ќе го донесе оваа година Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде во согласност со Канцеларијата на Европа и со Венециската комисија. Ќе има одговорност за секој што ќе згреши пред законот!




