Празните прес конференции и соопштенија од СДСМ нема да ги сокријат скандалите и криминалот на нивните функционери. Денес очекувавме Дарко Каевски на прес конференција да и одговори на македонската јавност како со неговата директорска, па сега пратеничка плата изминативе 5 години успеал да се стекне со 3 стана во Скопје, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
„Исто така денес очекувавме дека Дарко Каевски ќе и објасни на македонската јавноста за најголемиот јадач Љубица Јанчева која потрошила 92 илјади денари за предновогодишна забава, која на менито имало и скапи и стари вискија.
Немаше одговор ниту за специјалното мени на екс градоначалникот Петре Шилегов, кој на истата предновогодишна забава, порција бифтек со путер кој чини, ни помалку ни повеќе 2.400 денари.
Кога веќе Каевски зборува за партизирање на институциите, да го потсетиме само за неколку директори во Градот Скопје изминативе 4 години.
До каде е случајот со истакнатиот партиски директорот на претпријатието „Улици и патишта“, Сенко Смаиловиќ кој жив беше фатен со дрога пред година и половина.
Дали Каевски кога зборува партиски директори зборува за претходниот директор на јавното претпријатие во Град Скопје Водовод и Канализација, Душко Весковски кои беше кандидат за градоначалник во општина Карпош и катастрофално ги изгуби изборите.
Кога зборува за партиски кадри, Каевски мисли и на Ѓорѓи Галетановски – Чомбе, директор на Зоолошката градина, кои воедно е и најнеспособниот директор, каде што му бегаа животни од зоолошката, а патем беше директор со сомнителна- фалсификувана диплома.
Празните прес конференции и соопштенија од СДСМ нема да ги сокријат скандалите и криминалот на нивните функционери.
Исплашени од скандалите и криминалот на нивните функционери кои секојдневно излегуваат во јавноста, се обидуваат со паушални прес конференции да го прикријат секој скандал и криминал“, се вели во соопштението.