На пижама премиерот Заев не му пречи Бугарите да се татковци, а му пречи да има државно единство, веднаш да ги прекине преговорите во кое го губиме достоинството. Пижама премиерот Зоран Заев ја распродава историјата и на мала врата преку укинување на предметот во училиштата го исполнува тоа што го ветил на Борисов, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ.
-Пижама Заев на телевизија глуми лажен патриот, а всушност на дело уништува се. За да му успее планот, Заев и неговата влада се послужија со лага, дека системот го прилагодуваат како тој во Финска, па беа демантирани веднаш од Македонско – финското здружение, кое во јавноста пренесе писмо од Финското министерство за образование, во кое се кажува дека во Финска историјата е посебен предмет. Зоран Заев ги распродава и идентитетот и јазикот. Во своето последно интервју Зоран Заев призна дека Бугарија ни го оспорува јазикот, но не кажа што тој преземал за тоа да го спречи. Заев наместо да работи во интерес на Македонија, неговите попустливи политики само ја уриваат државата, и нејзините позиции за во иднина, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.