Македонија е ставена во нееднаква положба во однос на Бугарија. Заради предавникот Ковачевски проблемот на Бугарија со Македонија сега е проблем на ЕУ со Македонија, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија не почнува преговори, се е фарса на СДСМ и ДУИ, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешната прва меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ.
Од ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение уште еднаш порачуваат и дека нема да дозволат промена на Уставот и вметнување на Бугарите.
– ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Устав и целосна бугаризација на државата. Власта нема 2/3 и нема да има. Преговарачката рамка мора да се смени. Од Протоколот со Бугарија, обврзана е само Македонија. Нема реципроцитет, туку само права за Бугарија, а обврски за Македонија. Бугарија не го признава нашиот јазик, ниту нашето малцинство во Бугарија, а бара влез на Бугарите во Устав во Македонија. Каде е тука реципроцитетот? Македонија е ставена во нееднаква положба во однос на Бугарија. Заради предавникот Ковачевски проблемот на Бугарија со Македонија сега е проблем на ЕУ со Македонија. Предавникот Ковачевски ја стави државата во потчинета положба, и за тоа мора да има одговорност, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.