Извори блиски до ВМРО-ДПМНЕ брифираат за Република дека во врска со барањето од Спасовски за да партијата предложи нов министер за труд и социјална политика, ВМРО-ДПМНЕ нема намера да даде таков предлог со оглед на тоа дека со самото разрешување се прекршува претходно договореното за техничката влада.
Упатени извори за „Република“ велат дека партијата нема намера да гради политика врз основа на преседани кои ги прави актуелната власт и дека тој начин на креирање политика е исклучуво одлика на несериозност и интриги какви создава СДСМ и Спасовски.
Се прават анализи и во наредниот период конечно ќе се дефинира одлуката. Како тоа ќе влијае врз понатамошниот развој на настани останува да се види.
Техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, предложена од ВМРО-ДПМНЕ беше разрешена на барање на Оливер Спасовски вчера рано изутрината во 4.20 часот.