ВМРО-ДПМНЕ изразува поддршка и солидарност со Сара и нејзиното семејство и повикува на итна, решителна и неселективна реакција на институциите во заштита на правната држава и жртвите на насилство.

За насилството врз жените нема и нема да има место во Македонија. Затоа бараме од надлежните институции, секоја во рамките на своите законски надлежности, да ги преземат сите неопходни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и изведување на сторителот пред лицето на правдата, велат од таму.

Никој не смее да биде над законот. За овој случај мора да има темелна истрага и соодветна одговорност.

Доколку која било институција не постапи навремено и согласно законските обврски, сите одговорни мора да бидат повикани на одговорност.

Особено загрижува фактот што, откако МВР постапило и го обезбедило осомничениот за насилството, надлежниот јавен обвинител одлучил да го пушти на слобода со поблаги мерки на претпазливост. Ваквото постапување отвора сериозни прашања за одлуката на Обвинителството и за потребата од утврдување на одговорност.

Доколку постојат индиции дека кој било, вклучително и претставници на Обвинителството, се обидува да влијае врз постапката или да го прикрие случајот, тие сомнежи мора да бидат испитани, а секое евентуално незаконско постапување соодветно санкционирано.

Институциите мора да постапуваат професионално, неселективно и без привилегии за сторителите на насилство.

Државата мора да реагира јасно, недвосмислено и во согласност со законите.

Ниту еден случај на насилство врз жените не смее да остане без институционална реакција и соодветна правна разрешница.