СДСМ земјоделците ги доведе до питачки стап, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение од СДСМ за „успесите во земјоделството“. Реакцијата ја објавуваме во целост:
Незадоволството меѓу земјоделците од власта е се поочигледно. А, незадоволството не може да се покрие со ниту една лага напишана во соопштенијата на СДСМ.
Земјоделците најдобро на сопствена кожа ги чувствуваат погубните политики на СДСМ и затоа веќе не им веруваат.
СДСМ многу добро знае дека субвенциите за земјоделците ги воведе владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Четири години откако СДСМ е на власт и секоја година се соочуваат со протест на тутунарите, лозарите, оризарите, сточарите.
Земјоделците очекуваат реална помош која за жал од СДСМ ја нема.
Доста е со поделби и разочарувања, доста е од незадоволство и револт.
Време е за Македонија за сите луѓе!
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ