СДСМ со автогол: Тие признаа дека блиски бизнис ортаци се Вице Заев и Венко Филипче, се истакнува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во кое опозицијата ја обвинува за лажни вести.
Подолу го објавуваме целото соопштението од опозициската партија:
Браќа по одмори и браќа по криминал.
ВМРО-ДПМНЕ не е извор на фотографиите на Вице и Венко од грчките плажи, но е извор на несомнениот заклучок дека се бизнис ортаци, нешто што го призна самата партија.
Добро е што СДСМ ја призна нивната автентичност, а тоа покажува какви криминални врски има кланот Филипче – Заев.
Токму затоа цела влада се крена да го брани Филипче кој е директно одговорен и надлежен на изгорената болница каде загинаа 14 лица.
Вице Заев и Венко Филипче се лице и опачина на криминалот на оваа власт.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ