ВМРО-ДПМНЕ од Управниот суд бара прегласување во Ново Село

/ 10.05.2019

ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба до Управниот Суд во Скопје, во која ја обжалува одлуката на Државната изборна комисија, во однос на приговор на ВМРО-ДПМНЕ кој што се однесува на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите на избирачкото место број 1789, за избор на градоначалник на Општина Ново Село, информираат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ во тужбата бара да поништување на гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на општина Ново Село и гласањето да се повтори во законски определениот рок утврден со Изборниот законик.

Партијата во тужбата наведува дека е направена повреда на Изборниот законик, што е констатирано и од самата Државната изборна комисија, заради што таа одлучува да ги разреши избирачкиот одбор за ИМ 1789 во Општина Ново Село, како и целата Општинска изборна комисија за Ново Село, но спротивно на одредбите од истиот Закон Комисијата не одлучи да се прегласува на истото избирачко место.

ВМРО-ДПМНЕ оваа тужба ја поднесува заради фактот што резултатот на ова Избирачко место влијае на конечниот резултат за избор на градоначалник на општина Ново Село. Разликата меѓу победникот Андонов од СДСм и поразениот Стоилков од ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше само 19 гласови.


Од истата категорија