СДСМ е неспособен да се справи со проблемот со загадениот воздух и затоа единствениот адут им се манипулациите преку кои сакаат да ги убедат граѓаните дека благодарение на непостоечките мерки на Заев, Македонците го дишат најчистиот воздух, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
– Според податоците на Светска банка, само поради загадениот воздух во Македонија, на годишно ниво се регистрирани 1.350 смртни случаи. Илјадници граѓани го изгубиле работно место поради хронични и кардиоваскуларни болести, предизвикани во текот на работењето на отворено, соопшти оозициската партија.
Власта, се додава во реакцијата, додека мисли дека е опозиција, граѓаните ќе страдаат.
– Се додека СДСМ бега од одговорност, Македонија ќе биде на прво место на светските листи за загаденоста на воздухот. Додека се расфрлаат со лаги и ги полнат џебовите со народни пари, граѓаните со респираторни заболувања ги полнат клиниките како последица од енормно загадениот воздух. Лагите на СДСМ се веќе препознатливи кај народот и затоа тој ќе ги казни за сите црнила кои и ги нанесуваат на Македонија, се вели во соопштението.