Наќе Георгиев човекот на Заев во судството призна поткуп, правдата доаѓа, одговорност ќе има за сите, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, кое подолу го објавуваме во целост:
Наќе Георгиев призна дека земал 10.000 евра за да ја ублажи затворската казна на Боро Марлборо од СДС кој беше жив фатен како шверцува цигари.
Наќе Георгиев е олицетворение на Заев и Филипче во судството. Во време на СДС тој експресно напредува од обичен судија до судија во Веховен суд и член на Судскиот совет.
Покрај Наќе Георгиев вина признал и Иџет Мемети, заменик претседател на Советот на јавни обвинители. И тој како Георгиев кажал дека земале поткуп за да ја ублажат казната за Боро Марлборо.
Наќе Георгиев е пример за штетата која ја нанесе СДС врз судството. Заради Наќе Георгиев и кадрите кои тој ги поставувал народот има 2% доверба во судството. Доаѓа одговорност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ