ДУИ и СДСМ ја сведоа дипломатијата на чист клиентилизам и исполнување на партиски хирови, се истакнува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ и се бара Османи да одговори пред пратениците за скандалозното именување на конзули, а „Ковачевски не го прашуваме зошто и за него биле затворени вратите кога владата одлучувала“.
Во продолжение целото соопштение:
Наместо да се водат од стручност Бујар Османи и Артан Груби на две важни позиции во дипломатијата зад затворени врати именувале ТВ презентерка и син на провладин аналитичар за конзули во Њујорк и Чикаго. Пиунот Ковачевски е оставен како статист и нем свидетел на ваквата кадровска политика која е срам за Македонија не само пред домашната, туку и пред меѓународната јавност.
Владата очигледно зад затворени врати именува, па после зад затворени врати ги менува своите одлуки. Останува нејасно дали и Ковачевски стоел зад затворените врати па не знае што му се случува во владата која ја администрира.
Владата должи одговори според кои критериуми се именувани ТВ презентерка на вести, Бесмира Ејупи и Петри Муслиу, син на провладиниот аналитичар Алберт Муслиу?
Наместо ад се крие, Бујар Османи треба да излезе и да даде одговори, но и да понесе одговорност за девалвирање на македонската дипломатија. Правото место за отчет му е во Собранието пред пратениците кои треба да ја контролираат работата на владата и на министрите.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ