Османи потврди она што ВМРО-ДПМНЕ постојано го тврди, дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања
Бујар Османи конечно го потврди она што ВМРО-ДПМНЕ постојано го тврди, дека Бугарија постојано ќе формулира нови барањa во однос на Македонија.
Му благодариме на Османи за јавното признание и потврда на тезите на ВМРО-ДПМНЕ.
Сега само треба да одговори, зошто е потребата на прифаќање на ваков бугарски диктат и дали Османи со оваа изјава е анти ЕУ, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Реакцијата доаѓа по изјавата на Османи дека прилично е сигурен дека Бугарија ќе има нови барања кон Македонија.