ВМРО-ДПМНЕ останува на предлогот за технички министер за внатрешни работи. Ставовите изнесени денеска преку портпролот Наум Стоилковски се дека станува збор за докажан професионалец од чија способност и интегритет се плаши актуелната власт. Стоилковски, цитирајќи ги ставовите на професорката Силјановска-Давкова, повика на прифаќање на Драган Ковачки за технички министер за внатрешни работи, додавајќи дека такви преседани имало и во други случаи.
„Нема да влезам во уставни толкувања. Поставен е предлог. Тоа што бараме и тоа што повикуваме е да не се одложуваат работите, да не се кочи професионалец, предлог којшто би требало да влезе на местото технички министер во МВР“, рече Стоилковски.