ВМРО-ДПМНЕ ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ГЛАСАЊЕТО ВО ШТИП: Ова е болест за власт

/ 13.12.2020

Заев денес го покажа целото свое политичко лудило. Сред епидемија во Штип дури и заразените од ковид беа носени на избирачките места заради пуста фотелја, власт и функција, со што директно се загрозува животот на стотици лица вклучени во изборниот процес, ова денеска преку сооптение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова не е само кршење на закон, туку болест за власт. Не се бираа средства, со притисоци, поткуп, закани и уцени беа терани луѓе да гласаат среде зараза за мандат од неколку месеци. Најлошо е што политичкото лудило на Заев создава нов кластер „избори во Штип“, чија цена се здравјето и животите на штипјани. Подеднакво одговорен за ова е и кандидатот Николов, кој после сето ова граѓаните нема да го памтат како доктор, туку како политичар зараза. Се борел за фотеља газејќи преку докторската етика, животите на штипјани со притисоци, поткуп и закани, велат од партијата.

Додаваат дека од денес секој починат и заразен во Штип, оди на душа на Заев, Николов и СДСМ.


Од истата категорија