ВМРО-ДПМНЕ изразува згрозување од дрскоста и безобразлукотна Љупчо Зиков кој е именуван функционер од Владата на Ковачевски.
Тој ја навреди јавноста и сите кои бараа одговори од него за енормната висина на плата која ја добива од државното МЕПСО.
После недоличните и крајно безобразни навреди на Љупчо Зиков кој е на функција во МЕПСО со примања од 80 илјади денари добиени од граѓаните очекуваме Ковачевски експресно да го разреши.
Во спротивно однесувањето на Зиков и навредите ги сметаме за нарачка од Димитар Ковачевски, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Реакцијатат доаѓа откакоЉупчо Зиков, еден од најгласните кога треба да се брани власта на СДСМ со навреди им одговори на медиумите и на јавноста кои бараа одговори за висината на неговата плата од 120.000 денари како директор во државната компанија МЕПСО.
Зиков, во објава на социјалните медиуми безобразно и недостоинствено одговори: “јадете г***а за мене колку сакате, само добра фотка ставете”.