ВМРО-ДПМНЕ: Помниме кога Артан Груби беше дел од „ентериерот во седиштето на нашата партија“

/ 03.09.2021

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на провокациите на првиот вицепремиер од ДУИ, Артан Груби, и возврати дека министерот за политички систем во поранешната владеачка коалиција бил „дел од ентериерот на седиштето на најголемата опозициска партија“ во таканаречената „Бела палата“, официјално позната како „Христо Татарчев“.

„Ја разбираме паниката, но и стравот на СДСМ и ДУИ од окрупнувањето на опозицијата затоа што и СДСМ и ДУИ ќе бидат поразени на овие избори. Но, кога господинот Груби зборува за некои минати времиња, вредно е да го спомнеме следното:

Ги паметиме со насмевка деновите кога Артан Груби секојдневно беше дел од ентериерот во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а при таквите посети не можеше да го сокрие неговото воодушевување .

Воедно Артан Груби важи и за еден од првите најбрзи пратениците кога на времето го притискаше копчето за гласање на владите на ВМРО-ДПМНЕ. Најдобар портпарол во моментов на СДСМ е Артан Груби“, гласи реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Груби денеска на настанот на отворањето на реконструираниот Бит-пазар рече дека договорот за соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса и Алтернатива е „Коалиција 27“ која нуди минато, наместо иднина. Тој изјави дека едвај чека да види како патриотите од ВМРО ќе гласаат за Зијадин Села и обратно.


Од истата категорија