Секое дете, секој пензионер, секој вработен или невработен граѓанин во Република Македонија, Зоран Заев го задолжи со нови 30 евра пред референдумот. Власта предводена од СДСМ не запира со расипништво.
Република Македонија се задолжи со нови 57 милиони евра кој никој не знае каде завршуваат. Нема нови проекти, нема нови инвестиции ама затоа трошоците за живот се зголемуваат, стандардот паѓа, а граѓаните едвај врзуваат крај со крај.
Со СДСМ на власт, јавниот долг за првпат во историјата на државата надмина 5 милијарди евра, а државниот 4 милијарди.
Потврда на катастрофата која ја донесе СДСМ е податокот дека капиталните инвестиции се на децениско најниско ниво од 21.33% за првите 7 месеци од годината.
Граѓаните не знаат каде завршуваат нивните пари, ама затоа Зоран Заев во обидот да го покрие капитуланскиот договор фрла десетици милиони евра народни пари да се служи со лаги и манипулации се со цел да го оправда прифаќањето на грчките линии.
Зоран Заев преку задолжувањата се обидува да им наметне на граѓаните дека подобро би им било ако се самоукинат да го сменат името, идентитетот, културата, традицијата и историјата кои се наследени од нивните претходници.
Не постои сектор во Република Македонија кој не е погоден од катастофалните политки на оваа власт. Земјоделството е на колена. Илјадници семејства се доведени до безизлезна ситуација. Откуп нема, пласман на производите нема а сметките стигнуваат секојдневно.
Градежништвото, двигателот на македонската економија е пред колапс а со тоа и сите оние гранки кои на индиректен начин опстојувааат.
СДСМ за година ипол покажа и докажа како не треба да се води држава. Економијата е кастрофална на секое поле, а решенија нема. Колку побрзо си заминат, толку штетите ќе бидат помали.
Токму затоа ги повикуваме сите оние што се противат на ваквите деструктивни политики на Заев и криминалниот картел на власта на 23 септември 2018 година (недела) со почеток во 13:00 часот пред хотел Палас (на Кејот на Охридското езеро) да се приклучат на протестниот марш на ВМРО-ДПМНЕ.
Криминалниот картел на власт треба да падне, за на Македонија и тргне.
Само така на Македонија и престои европска иднина, бидејќи оваа неспособна власт не може тоа да го обезбеди.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ