ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-закон со кој бара укинување на ДДВ за прехранбените производи за време на викендите. Според опозициската партија, владините мерки не се доволни и нивниот ефект ќе доцни. Од ВМРО најавуваат дека во меѓувреме ќе предложат и измени во Законот за данок на додадена вредност, односно негово укинување за дрвата за греење и пелетите.