Денешната прес конференција е беден спин за да не се види расколот во СДСМ и фактот дека премиерот во заминување Заев, освен владината ја губи и партиската столица. Го молиме Костадинов да не зборува глупости, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Нека го праша Заев каква тајна соработка има и колку чини идентитетот кој го распродава.
И ќе го потсетиме дека Костадинов преставува партија, чиј лидер има приватни бизниси во Бугарија. Заев за лична корист ја продава Македонија.
Не знаеме дали Костадинов како да е под некакви психотропни супстанци ама дефинитивно губи контрола на реалноста“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.