„Со мудрата политика од 1991 година, Бугарија беше во најдобра позиција да ги направи Македонија и Македонците најблиски соседи и пријатели. Наместо тоа, Бугарија сега прави сѐ за да се оттуѓи од својот потенцијален сојузник со покровителство и понижување. Тоа е сигурен пат да ги загуби пријателите“, напиша Мартенс на Твитер.

Тој е долгогодишен дописник од регионот за германскиот весник Франкфурер Алгемајне Цајтунг и важи за одличен познавач на состојбите на Балканот. Тој е авторан интервјуто со Борисов во кое тој вели дека во Бугарија нема македонско малцинство.

-Во Бугарија нема македонско малцинство. Какво македонско малцинство треба да има во Бугарија? Јас не познавам такво малцинство. Од резолуцијата дознав дека има такво. И со оглед на тоа што бугарските социјалисти во ЕП ја поддржаа резолуцијата очигледно тие исто така сметаат дека такво малцинство живее кај нас. Наместо да водиме позитивна дебата за европскиот пат на РС Македонија, сега се насочуваме кон сосема поинаква дебата. Сакам да напоменам дека навистина ме вознемири насоката во која се развија настаните, изјави Борисов за ФАЦ.

Борисов нагласува дека компромис со Македонија е можен, но вели дека е потребно да се познава историјата.

-Бугарските комунисти и Комунистичката интернационала, контролирана од сталинистичка Москва, сакаа од идеолошки причини по Втората светска војна да ги претворат насилно Бугарите во Македонија во Македонци. Бугарите таму беа принудени да се нарекуваат Македонци. Доколку сега во процесот на приклучување кон ЕУ се појават одредени погрешни тврдења и јас не реагирам, моите политички опоненти ќе кажат: Борисов ја продава бугарската историја и подлегнува на притисоците на европските патнери, истакна Борисов во интерјуто.