Престрелките на разулавените банди низ Скопје е директно масло на односите на СДС со скопското подземје и завојуваните групи чија моќ во време на СДС порасна а бизнисите цветаа.
СДС од бандите во Скопје направи тајкуни плаќајќи долг за изборите од 2016та година кога истите тие бандити беа главни во штабовите на СДС низ Скопје. За детали за ова упатуваме да си ги прашаат Зечевиќ и Спасовски кои со овие работи биле целосно во тек а бандитите работеа како нивна подружница се додека не станаа помоќни од нив.
СДС додека ги пие таблетите за заборавање не треба да мисли дека цел народ ги пие исто така. Народот памети, а посебно скопјани и посебно младите деца и родителите чии деца директно гледаат што се случува по скопските улици и како дрогата стана полесна да ја купиш од еден аналгин.
За се тоа СДС има директна одговорност. Бандитската љубов и должничко доверителски однос на врвот на СДС со дилерите рекетарите и убијците датира одамна, а кулминира во 2017та година и СДС најмалку што може да направи е да се извини на јавноста за соучесништвото во овие ситуации и немили настани.
На крај на денот нека си ги видат фотографиите на учесниците во сите престрелки до сега и ќе се потсетат на нивните заеднички седенки кога со нив кога со врвот на ДУИ чии измеќари беа и се уште се.