Почитувани,
за Шилегов донацијата од 100 илјади евра за неколку часовниот настап на Дино Мерлин е анонимна, анонимна е и донацијата за најскапиот тревник кој скопјани ги чини 530 илјади евра, анонимни се и спонзорите кои го градат стационарот за кучиња Лајка, единствено не се анонимни ароганцијата, навредите и неспособноста на Петре Шилегов.
И покрај постојано упатени прашања до Петре Шилегов, кои се спонзорите на 100 000 евра за Дино Мерлин, кои се спонзорите кои го градат стационарот Лајка, кои се спонзорите на тревен бус на плоштад, се уште не добиваме никаков одговор освен дека се анонимни. Превезот на анонимност на Шилегов отвора сомнеж за перење на пари и финансиска злоупотреба.
Поради сомневање за начинот на прибирање и трошење на пари од анонимни спонзори Советничката група на ВМРО ДПМНЕ поднесе пријава до Државен завод за ревизија, Финансова полиција и Државната комисија за спречување на корупција.
Граѓаните имаат право да знаат кои фирми се општествено одговорни и како се трошат донираните средства, и дали Петре Шилегов ги злоупотребува средствата и парите кои ги преставува за анонимни? Дали зад анонимните пари се кријат сомнителни анонимни бизниси?
Со почит,
Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје