Пазарџиската политика на СДС ја уништи економијата и го осиромаши народот, граѓаните добија партнер во владата на ВМРО-ДПМНЕ која креира мерки и политики кои даваат резултати за економска стабилност на долг рок, се нагласува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на СДСМ.
Во продолжение целата реакција од ВМРО-ДПМНЕ:
СДС да не ја потценува интелегенцијата на народот, нивната пазарџиска политика ја уништи економијата и го осиромаши народот.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 5 месеци е фокусирана да го надомести она што е пропуштено од страна на СДС и ДУИ во изминатите 7 години во економијата.
Планот на ВМРО-ДПМНЕ е да се насочи кон структурни решенија кои ќе водат кон стабилност на долгорочен план.
Целта на ВМРО-ДПМНЕ е подобар животен стандард за сите граѓани и инвестиции.
Економијата постепено заздравува и покрај ужасната нерамнотежа која ја предизвика СДС, благодарение на мерките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните добиваат партнер во Владата. Растат пензиите, платите, се подобрува бизнис климата.
Инфлацијата сега е меѓу 2 и 2.5%, во време на владеење на СДС беше двоцифрена.
Тоа е така, благодарение на мерките на владата за ограничување на бруто профитната маржа на 73 производи, кои се најзастапени во потрошувачката кошница граѓаните.
Дека владината мерка за ограничување на маржата дава резултати, и дека цените на прехранбените производи се намалуваат, го потврдуваат и до Сојузот на синдикати на Македонија.
Владината мерка за намалување на цените резултираше со намалување од 5% на трошоците за храна и пијалоци од синдикалната кошничка, односно 1000 денари.
Синдикалната кошничка во делот на храна и пијалоци опфаќа 43 производи, а владата ги намали цените на 73, што значи дека реалното намалување се движи и до 1500 денари, т.е. над 5%.
На годишно ниво тоа се и до 18.000 денари заштедени во буџетот на едно домаќинство.
ВМРО-ДПМНЕ прави уште еден чекор во насока на зајакнување на економската стабилност и поддршка на потрошувачката моќ на граѓаните во пресрет на празничниот период.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изготви новогодишна потрошувачка кошничка, во која се вклучени прецизно дефинирани производи и цени, врз основа на успешноста на есенската потрошувачка кошничка.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ