Очајот на СДС е голем, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Во недостиг на проекти, а во изобилие на скандали поврзани со нивната власт, мораат да фабрикуваат и измислуваат афери за други. Денес во најмала рака јавноста очекуваше да одговорат како власта на ДУИ и СДС доделила стотици илјади евра на невладините организации предводени од сопругите на функционерите од власта, или како УЈП дозволило исплата на 22 милиони евра поврат на ДДВ по криминален пат на компании со матна позадина, истакнваат од партијата.
Но, очигледно СДС молчи за скандалите каде се фатени 100:0, па мораат безочно да лажат.
Ако сакаат одговори за овие нивни наводи нека прашаат во Струмица, Центар и ЈПДП како се набавуваат истите такви машини и колку чинат со соодветната опрема.
Дополнително, институциите се под нивна контрола и доколку имало било каков криминал до сега ќе реагираа. Набавките се направени согласно законот и народните пари од страна на градоначалниците се потрошени рационално. Тоа за жал не е случај кога се работи за кадрите на СДС и ДУИ кои брутално ги трошат парите на граѓаните и крадат. Но, за овие скандали на власта на СДС и ДУИ ќе има одговорност и тоа ќе дојде многу скоро.
Во Македонија никогаш не се живеело полошо, отколку сега со власта на ДУИ и СДС и затоа ќе ги поразиме, се вели во соопштението.