Не е толку страшно што викаат дека не знаеле, туку дека гласаат се што ДУИ ќе им сервира. Вистината е дека и знаеле, и морале да гласаат. А морале да гласаат затоа што зад Иловица стои Дестани, бизнисмен близок до ДУИ. СДС јавно признаа дека се измеќари на криминалната ДУИ. Власта работи само за својот ќар, а притоа лаже и манипулира, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот Христијан Мицкоски, во 2012 година, немал никаква функција во владата, тоа е основен податок, кој може да се провери на Гугл. СДС и ДУИ се 7 години власт, ако сакаа да ја укинат концесијата, која патем тие ја дале во 2006 година тоа имале доволно време да го сторат, се друго е лага, стои во соопштението на партијата.