СДСМ да не наоѓа изговори да ја донесе минималната плата и да го помогне стопанството наместо да краде, се истакнува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение од СДСМ за зголемувањето на минималната плата.
Во продолжение целото соопштение од реакцијата на опозициската партија:
СДСМ ја утнале адресата. Наместо да се кријат зад лични изјави, барањето за покачување на минималната плата треба да го упатат до Владата во која партиципираат. Впрочем цела една година токму Заев и Битиќи ветуваа минимална плата од 18 илјади денари до крајот на 2021-ва година, па во јануари 2022, но од тоа нема ништо.
Ако навистина СДСМ сака зголемување на минималната плата на 18.000 денари, тогаш тоа може да го направат веднаш. ВМРО-ДПМНЕ принципиелно ќе го поддржи исто како што поддржа и зголемување на платите во јавниот сектор адекватно на коефициентот на тежината на работните места.
СДСМ наместо да крадат и да местат тендери, треба да обезбедат финансиска поддршка на стопанството во услови на тешка економска криза, криза во која се најдовме поради корупцијата и неодговорноста на власта на СДСМ и ДУИ.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ