Шокантно е што СДСМ се фали со цените на горивата кои се пониски само затоа што паѓаат цените на светските берзи, се вели во денешната реакција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која бара власта да ја намали акцизата за горивата.
Реакцијата ја објавуваме во целост:
Наместо да се фалат дека поевтинуваат горивата на светскиот пазар, што секако не е заради Ковачевски, да ја намалат акцизата за 50%.
Откако СДСМ е на власт, тие ја зголемија акцизата за 13.13 денари. И од тогаш секое литро гориво е поскапо за 13.13 денари, само затоа што така сакале СДСМ и ДУИ.
Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата за 50% ќе ги намали цените и ќе овозможи граѓаните да имаат гориво по пристојни цени, а индустријата и земјоделците да имаат поевтино производство.
Дополнително земјоделците чекаат и намалување на ДДВ на 0% за вештачките ѓубрива чии цени на берзите рушат рекорди.
Наместо со бркање на дневен популизам владата да донесе реални мерки.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ