Лаже, заборава, негира… Стево Пендаровски е нов Зоран Заев, тој е човек кој не може да биде претседател, се вели во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференцијата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.
– Пендаровски е човек без став, тој пред само пет години велеше дека името не може да се смени без национален консензус, сега истото го заборави и премолче додека неговиот шеф Заев сам го истурка процесот за промена на името. Пендаровски е бледа копија на Зоран Заев. На Република Македонија не и треба нов Зоран Заев кој ќе работи спротивно на интересите на граѓаните. Република Македонија има потреба од честит претседател, кој ќе ги почитува Уставот и законите, се вели во соопштението.
СДСМ, се додава натаму, го потценува народот, кога за претседател предлага човек, кој го нарече стока сопствениот народ.
– Стево Пендаровски не е лик кој обединува, Стево Пендаровски подвојува. СДСМ и Пендаровски мора да изгубат, тоа ќе биде причина за предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе имаат можност да го испратат Зоран Заев и СДСМ на темната страна на историјата, се вели во реакцијата.