СДСМ знае дека ќе доживее дебакл, затоа не поддржува референдум, предавникот Ковачевски ја чува фотелјата, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму порачуваат, ако СДСМ беа уверени дека договорот кој го постигнале и протоколот кој го потпишаче се толку добри, тогаш немаше да имаат проблем да излезат на референдум.

-СДСМ знаат дека договорот е лош и дека е на штета на македонскиот јазик, идентитет и историја, и затоа бегаат од референдум. На СДСМ им е страв од народот. Кој масовно се обедими против бугаризацијата планирана од предавникот Ковачевски. Предавникот Ковачевски се крие и зад пратениците на СДСМ и зад владага во целост, бега од референдум и само се бори да ја зачува позицијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.