Во рамките на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за комуникација со граѓаните „Вашите проблеми, заеднички решенија – Ја сакам Македонија“, до партија секојдневно пристигнуваат десетици сугестии, предлози и проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

Граѓаните апелираат дека во овие тешки моменти на економска криза како резултат на коронавирусот мора да се стопираат сите наградни игри организирани од државата. Средствата од добитничкиот фонд на Државната лотарија на Република Македонија мора да се отстапат и ставар на располагање на државата со цел обезбедување на дополнителни економски средства за справување со економските последици од кризата.

Поголем број на граѓани посочуваат дека во овие тешки економски моменти за државата треба да се укинат сите привилегии за именуваните функционери со цел овие средства да се пренаменат за справување со економката криза како резултат на коронавирусот. Тие бараат со уредба на Влада да се укинат ставките од буџетот за репрезентации, службените патувања, службениот телефони, дискрециони права и сите останати непродуктивни трошоци.

Се поголем број на држави носат легислатива со која носењето на заштитни маски е задолжително за граѓаните за време на светската пандемија на коронавирусот. Токму ова го забележува и граѓанин кој се обрати до нас, посочувајќи дека е потребно задолжително носење на заштитни маски со цел ефективно справување со здравствената криза. Маската го спречува натамошното ширење на вирусот од веќе заразените лица и го штити здравјето на здравите граѓани.

Ги повикуваме граѓаните предлозите и сугестиите и натаму да продолжат да ги проследуваат по пат на електронска пошта до zaednicki.resenija@vmro-dpmne.org.mk .

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со овој начин на комуникација и нудење на заеднички решенија, затоа што ја сакаме Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ