Неодговорниот и неспособниот однос на власта кон пандемијата е единствена причина за големиот бран на КОВИД 19 уште во август, се истакнува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштението го објавуваме во целост:
Заев и Филипче не преземаа мерки кога тоа им го кажуваше стручната јавност, а сега ги трпиме последиците сите.
Заев и Филипче не воведоа протоколи при влез во државата кога разгорувањето на четвртиот бран беше на повидок, за сега цела ЕУ да не стави на „црна листа“ за влез.
Заев и Филипче не ја спроведуваат ниту вакцинацијата како што треба. Наместо неколку десетици пунктови низ Скопје, во екот на таканаречената кампања за масовна вакцинација имаше само три.
Власта не знае да ја менаџира кризата и како последица имаме десетици изгубени животи секој ден, илјадници заразени и стотици со тешка клиничка слика.
Време е да се промени се од корен. Време е за нов пристап. Време е за нови луѓе. Време е за Македонија за сите луѓе.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ