Шилегов за една година ги зголеми цените на паркингот за 100 отсто, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Ја пренесуваме реакцијата на опозициската партија во целост:
Паркингот на Водно е зголемен за 100%, од 100 денари за 1 час паркинг во 2019 година од 2020 година се плаќа 200 денари.
За 100% се зголемени и цените на месечните карти за паркирање од 1.000 денари во 2019 година, на 2.000 денари. Шилегов брутално ги ограбува скопјани.
Поскап паркинг плаќаат сите жители на Скопје насекаде. Имено цената за час паркирање во „Зона А“ од 2019 е зголемена од 45 на 50 денари во 2020 година. Паркирањето во „Зона Б“ е зголемено од 35 денари на 40 денари, додека во „Зона Ц и Д“ е зголемена цената од 25 денари на 30 денари.
И додека скопјани плаќаат Шилегов и градоначалниците од СДСМ парите ги трошат на тендери.
Време е СДСМ и нивните градоначалници да си заминат. Време е за Македонија за сите луѓе!
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ