Оливер Спасовски веднаш да си поднесе оставка од позицијата министер за внатрешни работи бидејќи повеќе од месец дена не може да открие кој стои зад лажните дојави во средните и основни училишта.
Состојбата со безбедноста на граѓаните е донесена под знак прашалник, криминалот царува низ државата, а Спасовски наместо да реагира, дополнително ги штити криминалците и соработува со нив.
Спасовски подели над 200 македонски пасоши на белосветски мафијаши и нарко босови, има нерасчистени убиства низ улиците, вооружени лица упаѓаат во полициски станици, тепачки на секој чекор, скандали и неоткриени лажни бомби во училиштата најдобро го отсликуваат катастрофалното управување на Спасовски со МВР.
Спасовски целосно потфрли со безбедносните служби. Македонија стана држава во која убиствата, заканите, тепачките и инцидентите се секојдневие.
Дополнително, дека Спасовски ги штити криминалци говори и медиумските натписи кои објавуваат дека вооружени лица блиски до власта упаѓаат во полициска станица во Арачиново и им се закануваат на службени лица со убиства, само поради тоа што професионално си ја извршуваат службената должност и задача.
Само во Македонија се случува криминалци со оружје да влегуваат во полициски станици и да бркаат полицајци, наместо да е обратно.
И закажаниот протест пред полициската станица Кочани поради суспензија на четворица полицајци кои професионално ја извршувале својата должност е доволен доказ дека со државата управуваат криминалци а Спасовски ништо не презема.
Спасовски веднаш да си поднесе оставка бидејќи веќе нема ниту кредибилитет, ниту легитимитет да го раководи со МВР.
Одговорноста на Спасовски е директно кај него, бидејќи тој и неговите соработници се во сериозна коалиција со криминалот, а граѓаните се чувствуваат несигурни.
Што уште треба да се случи за Спасовски конечно да си поднесе оставка?
Состојбата е сериозна, промените се повеќе од потребни