ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука

/ 22.11.2020

ВМРО-ДПМНЕ го честита 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука, на сите припадници на албанската етничка заедница во Република Македонија.

Македонија била и ќе остане држава во која взаемната почит и негувањето на културна и јазична посебност се темел на кој ја градиме нашата татковина. Јазикот и културата на Албанците во Македонија се дел од мозаикот на мултиетничкото општетсво во кое живееме.

Впрочем и денешното празнување беше воведено и започна во времето кога со државата управуваа Владите на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес во време кога македонскиот јазик, култура и идентитет се оспорувани поради пазарџиските политики на Заев, најдобар одговор кој мораме да го дадеме како граѓани е да застанеме сплотено и заедно во одбраната на правото на секој народ и на секој јазик на своја идентитетска посебност.

Неуспесите на власта и поразите кои и ги сервираат на Македонија носат разочарувања кај народот, но одговорот на тоа мора да биде одлучен, затоа што Македонија има капацитет за влез во Европската Унија но со нови сили необременети со концесии. Македонија со целата своја традиција на толеранција, взаемна почит и мултикултурализам со векови наназад, покажала и докажала дека ги живее цивилизациските вредности на кои денес е изградена Европа.


Од истата категорија