Иако поминаа повеќе од 10 дена, Министерството за здравство и ФЗОМ се уште молчат наместо јавно да објават кои нерегуларности се констатирани во извештаите од вонредните контроли, а театарот заврши со разрешување само на медицинскиот и економскиот директор на Детска клиника, како и медицинскиот директор на Клиниката за онкологија.
Недозволиво е наместо одговори да има молк и нетранспарентен однос, а долгот на јавните здравствени е над 100 милиони евра.
Прашуваме:
Кои се тие нерегуларности на УК за онкологија кои можело да се однесуваат само на медицинскиот директор, а не и на економскиот директор?
️
Кој конкретно ја направил таа дистинкција што сметаме дека е селективна?
️
Дали се точни наводите дека од една страна има медицински сестри со награди од по 120 000 ден и административен работник земал плата 90 000 ден?
Дали е точно дека иако законот предвидува двојно да им биде платен трудот дежурството во ден недела, досега вработените не добиле ваков надоместок?
Дали воопшто се вршат редовни надзори од страна на ФЗОМ во јавните здравствени установи?
Ако се вршат дали и какви други нерегуларности се откриени?
Кои се здравствените уставноси со најголеми долгови, а кои со најмали долгови и кои се причините за тоа?
Точно ли е тоа дека токму Клиниката за онкологија е меѓу најголемите должници и ако е така зошто е разрешен само едниот директор?
Дали и во кои установи заради констатирани нерегуларсти се иницирани судски постапки за тие нерегуларности?
Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ