За тоа колку се живее подобро во Република Македонија говори фактот што граѓаните секојдневно живеат се посиромашно, а СДСМ и Зоран Заев залудно се обидуваат да ја лажат и манипулираат јавноста, граѓаните на своја кожа ги чувствуваат нивните катастрофални економски политики, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев ја донесе Македонија до питачки стап, повеќе од 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, 70% од граѓаните земаат помала плата од просечната, а повеќе 140.000 млади живеат во сиромаштија. Македонската економија е на дното во Европа поради катастрофалните економски политики кои ги води владата на СДСМ. Додека економиите во Европа и регионот растат, Македонија има мизерни 2,05 проценти БДП кои се далеку од ветените 5 или 7% кои Заев толку многу ги ветуваше. За расипништвото на СДСМ говорат и секојдневните задолжувања од кои граѓаните не видоа никаков бенефит, ниту донесоа капитални инвестиции, ниту отворија нови работни места, освен оние отворени работни места за децата на функционерите на СДСМ. СДСМ покажаа дека не се способни да раководат со државната економија. СДСМ, Заев, Тевдовски и Анѓушев не се разбираат од економија и затоа треба што побрзо да си заминат, се вели во соопштението.