На Република Македонија не и е потребна уште една влада како минатата за да граѓаните осиромашат. На Република Македонија и е потребна сигурна иднина, а тоа ќе го овозможи владата преводена од ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од партијата на соопштението на СДСМ дека водат сериозни разговори за обезбедување стабилно парламентарно мнозинство и нова влада.
-СДСМ во својот мандат единствено обезбеди сигурна сиромаштија.СДСМ во својот мандат единствено обезбеди сигурна сиромаштија. Над 700.000 граѓани се на работ на егзистенција. Граѓаните во време на криза немаат пари, а СДСМ се залага сметките за струја да се покачат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Она што СДСМ досега го направила на македонските граѓани, според ВМРО-ДПМНЕ, не ветува сигурна економија и подобра иднина. Тоа, велат, ветува единствено сигурен банкрот на државата.