Единствена реформа што ја воведоа Зоран Заев и владата на СДСМ во земјоделството е понижување на трудот и маката на македонскиот земјоделец.
Заев ги излажа земјоделците. За три години власт на Заев и СДСМ земјоделието го клекнаа на колена.
Наместо ветениот сигурен пласман и високи откупни цени за земјоделските производи, граѓаните добија понижување, сиромаштија и беда. Нивите се се попразни, во селата не останаа луѓе, кои би можеле да бидат корисници на популистичката мерка која ја промовира СДСМ.
За стапката на зголемена сиромаштија говори и бројката, дека околу 500.000 граѓани се на прагот на сиромаштија.
СДСМ и Заев немаат легитимитет да ја водат државата. Потребни се системски решенија кои навистина ќе ги решат проблемите на земјоделците, а со СДСМ, Заев и Димковски тоа не е можно.
Затоа СДСМ и Заев мора да си заминат. На 12 април доаѓа Обнова за Македонија и вистинска грижа за македонскиот земјоделец.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ