Министрите Оливер Спасовски и Љупчо Николовски преку Јавното обвинителство вршат притисок врз оризарите кои протестираа во Кочани, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Го пренесуваме соопштението со кое денеска реагира најголемата опозициска партија:
ЈО во Кочани отвори постапка против оризарите кои протестираа со барање да се обезбеди откуп на оризот.
СДСМ од опозиција ветуваше високи откупни цени за оризот од 50 денари, и сигурен откуп, сега нема ниту висока откупна цена, ниту откуп. Напротив има само притисоци и прогон.
Оризарите кои немаат како да се прехранат или да ги посеат нивите, затоа што оризот уште им седи не откупен во амбарите излегоа на протест со блокада на патниот правец Штип – Кочани, сега власта која не им обезбеди откуп, им спакува истрага и го ограничува и нивното право на протест.
Ова е класичен прогон врз оризарите, кои работат да си ги прехранат семејствата, но и нацијата. Апелираме овој прогон да запре, и наместо со закани, на оризарите да им се даде поддршка што во овие тешки времиња произведуваат храна за сите нас.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ