Судскиот совет, кого СДС го брани, постави судија на ДУИ за претседател на Врховен.
До каде оди измеќарството на СДС кон ДУИ и дали е криминал во прашање, преку што цел врв на СДС е заложник на ДУИ и прави што ДУИ ќе посака?
Како може да има ефективна борба против корупцијата, кога главни во судско – обвинителските кругови се бандитските спреги на ДУИ и СДС.
Борбата на СДС е борба за криминалните структури во судството кои се под нивна капа, а имаат за цел да ги спасуваат во кривична постапка ним блиските.
СДС се нервозни во нападите кон ВМРО-ДПМНЕ, затоа што објавивме војна против криминалците на сите инстанци, па и тие во правосудството.
СДС се навикнати на судии како Наќе Георгиев, Илија Трпков, Даниела Алексовска Стојановска и обвинители како Иџет Мемети. Затоа е борбата, за заштита на таквите како нив, кои исполнуваат нарачки.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ