До кога владата на СДСМ ќе смислува изговори, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешното објавување на новите критериуми за авиопревоз на Владата.
– За овие 14-тина месеци наместо долго ветуваните мерки и реформи граѓаните добиваат бледи прес конференции преку кои ги сокриваат своите лаги. Сугарески е смешен со изјавата дека се залага за фер транспарентно избирање на авио превозник. Власта денеска се правда дека бара и мотивира и други превозници, кои би отвориле многу дополнителни дестинации но единствено ги избрка постојните. Неспособноста и хаосот во Владата на СДСМ се повеќе наликува на еден трагикомичен филм, се вели во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека со вакви чекори на Сугарески и СДСМ Република Македонија не оди во ЕУ и НАТО, туку уназадува повеќе од 20 години наназад.
– Додека СДСМ декларативно се залага за ЕУ во реалноста прават се за да не влеземе. Ликовите како Сугарески, Заев треба што поскоро да си поднесат оставка, да се запре со штетата која и ја нанесоа на државата и граѓаните, додаваат од опозициската партија.