Србија годишно произведува 500 милиони литри пиво, од кои 130 литри извезува, а со тоа е втора земја најголем извозник на пиво во ЕУ, вели Димитрие Ивановиќ од Стопанската комора на Србија.

– Најголем дел извезуваме во БиХ, додека за 47 милиони литри сме втор најголем извозник на пиво во ЕУ. На прво место е Мексико, а САД се позади нас, вели Ивановиќ.

Индустријата за пиво дава огромен придонес за БДП, бидејќи како што вели Ивановиќ, пиварите во буџетот на Србија уплатиле 290 милиони евра, а во таа стопанска гранка, од која индиректно егзистираат 35.000 луѓе, работат 2.500 до 3.000 лица.

Тој истакнува дека оваа индустрија позитивно влијае и на производството на сировини за пиво, бидејжи 98 отсто од сладот од јачмен е произведен во Србија, а хмељот кој порано се произведуваше на 2.000 хектари сега се произведува на површина од 5.000 хектари.

Ивановиќ наведува дека во експанзијата е отворање на мали пивари, какви моментно има 40 и се поголем е интересот за отворање на нови.