Филипче продолжува да биде против општините водени од СДС на кои не им пречеа унгарските пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Филипче продолжува да биде против капиталните проекти за кои се обезбедени унгарските пари и против бизнисот кој ке се развива преку супер евтини кредити кои ќе се стават на располагање. Небулозите за тоа дали биле кинески или афрички пари доволно е СДС да поседува елементарна писменост за да дознае. Ваквата состојба на тотална безидејност ја тера СДС да критикува само колку да критикува и постојано да употребува ќорфишеци. Ја разбираме кризата во СДС, но нема да дозволиме со себе да ја повлечат и Македонија, се наведува во партиското соопштение.