СДС од јадење мед не може да се опорави и вината за состојбата во Скопје е нивно масло кога од позиција на сила, моќ и институции на моќта ја уценуваа Данела Арсовска да прејде кај нив за да не ја влечкаат по притвори. Затоа и на основањето на нејзината партија најсреќен беше Миле Зечевиќ кој седеше во првиот ред веројатно со кривичните за Данела во џеб од сакото. Потоа се роди и љубов и заеднички програмски определби меѓу СДС и партијата на Арсовска, и Арсовска добиваше инструкции да го саботира ВМРО-ДПМНЕ преку листи на изборите и преку спрега со медиумски извршители на СДС и јавни настапи, велат од партијата на власт.
„Ова е накусо трагичната приказна за Данела и нејзините налогодавачи од СДС кои сега се прават како да се некоја нова партија од Шведска, а не истата партија во која главен е Зоран Заев и неговиот измеќар Венко Филипче со кои делат и добро и лошо.
Апелираме до СДС да не го потценува народот.
Не е добар правецот во кој се движи и како тргнале на следните избори ќе се бори да има 100 илјади гласови затоа што народот гледа, а гледаат и нивните членови и не сакаат да се дел од нова шема на Заев за киднапирање на СДС откако Заев со Филипче ја опљачкаа и урнисаа државата, сега СДС им е сламката за спас, а членовите на СДС се нивни заложници.
Дека е под владеење на СДС и ДУИ, Арсовска говори и последното именување на кадар од ДУИ“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ во нивната реакција на соопоштението на СДСМ.
Им порачуваат како што велат и на ДУИ и на СДС дека ќе ги надминат сите препреки, саботажи, мрежи и бандитски планови кои тие ги поставуваат и со Град Скопје и во судството и во други институции, и дека Македонија ќе успее.
Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа како одговор на соопштението на СДСМ во кое се вели:
Добро е што конечно се одржа средба меѓу Мицкоски и Арсовска, граѓаните конечно на едно место можеа да ги видат оние кои го уништија Скопје. Се надеваме дека на оваа средба се разговарало и за поделбата на медот за конечно да престанат меѓусебно да се блокираат и да го уништуваат Скопје.
Арсовска, Мицкоски и Перински треба да излезат заедно на прес конференција и да кажат што планираат да прават во однос на проблемите со ѓубрето, автобусите и целиот хаос во кој тоне градот, наместо да пуштаат празни соопштенија и да ги фрустрираат скопјани.
СДСМ со години предупредува дека пропаднатите зделки и бизнис интереси се единствената причина зошто и Мицкоски и Арсовска се скараа.
Тие сега имаа можност конечно да ги надминат недоразбирањата и во овој краток период кој им преостанува до локалните избори да барем малку ја поправат состојбата.
Но, очигледно според она што го објави Владата, не успеале ни сега да се договорат за своите интереси па скопјани повторно ќе бидат жртви.