Важно соопштение е СДС да намалат со наркотици барем во недела. Тие тврдат дека Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ била за прифаќање на мигранти. Прашањето е кога ја прочитаа, кога таа уште не е поднесена? Каде го има тоа што тие го тврдат во нивните паушални, чаршаф соопштенија?,  се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Има ли команда во бродот на СДС, или Заев праќа соопштенија, Венко препраќа, Никола Спасов објавува.

СДС со ваквото однесување стана заробеник на сопствената лажна пропаганда. За многу бргу од сега, кога ќе стане јасно дека нема ниту еден мигрант, ќе треба да се извинуваат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ