Се подготвува ново стабилно парламентарно мнозинство кое ќе го предводи ВМРО-ДПМНЕ, тврди Алфа во својот прилог повикувајќи се високи партиски извори.
Неофицијално најголемата опозициска партија веќе има на располагање доволен број пратеници за превласт во парламентот односно 61, но во тек се преговори со уште неколку народни избраници. За мнозинството да биде поголемо за уште четворица и во ниту еден момент да не се доведе во прашање неговото опстојување и функционирањето на законодавниот дом.
Истите извори твдат дека се комуницира со БЕСА и со пратениците од помалите политички партии кои беа дел од предизборната коалиција на СДСМ. Ваков развој на настаните го отвара патот за уривање на владата на Заев и предвремени парламентарни избори.
Неофицијално причината за расположението и на БЕСА за преговори со ВМРО-ДПМНЕ се случувањата со Законот за личните карти и неисполнетите ветувања на власта.
Ова вчера го спомена и Мицкоски со тврдење дека Заев го сменил ставот откако од амбасада на една држава реагирала дека измените ќе значат кршење на Преспанскиот договор. Според Мицкоски не може да се очекува оние со кои се разговара сами да излезат во јавност. Бидејќи може да бидат под притисок на власта.
“Се надевам дека не очекувате сите тие со кои што преговараме и јавно да излезат. И да кажат каква ќе биде постапката за уривање на владата.
И да кажат да ние сме тука и ќе бидеме глинени гулаби за машинеријата и инструментите на Зоран Заев за притисок и уцени и.т.н. Сигурно не сме ниту тие ниту ние доволно наивни. да почекаме ќе покаже времето што доаѓа наскоро дали јас сум бил во право или пак некој друг бил во право”, изјави Мицкоски.
Според истите извори последните две необјавени анкети од истражувачки центри им даваат право интензивно да бараат избори за нов парламентарен остав.
Неофицијално на овие истражувања ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 16,1 процент, а СДСМ од 11,6 проценти. Опозицијата е во водство и кај граѓаните кои сигурно би гласале на изборите. 33,2 проценти од електоратот би ја поддржал најголемата опозициска партија наспроти 22,9 проценти кои би гласале за власта.
Сепак за околу еден процент рејтингот на Заев е повисок од оној на Мицкоски. 55 отсто од граѓаните сметаат дека државата оди во погрешна насока, а 29 дека се движи во правилна насока.