Видлива е нервозата кај Стево Пендаровски и неговиот разузнувач Еролд Муслиу, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ако мислеа дека ќе преминеме преку основаните сомневања дека поставиле мрежа за фалсификување на документи и ширење на лажни вести тогаш се лажат.
Одговорност ќе има, и целата мрежа ке биде разглобена до најситните детали.
Нашите информации и сомневања говорат дека Еролд Муслиу ја злоупотребил агенцијата со која раководи, за фалсификување на документи каде преку кабинетот на Пендаровски и со посредство на Миле Зечевиќ стига до одредени медиуми и СДС. Печат на сето тоа дава балканскиот мешетар и скапо платен контрактор Асаф Еисеин за кого Пендаровски призна дека работи во кампањата на партијата СДС, се истакнува во соопштението
Спремете се за одговорност.