Владата да не ги понижува наставниците и да ги исполни барањата на СОНК.
Ова се истакнува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ, а во продолжение целото соопштение:
Владата вели дека дава покачување на платите од 10%, во ситуација кога млекото се покачи за над 80%, зејтинот за над 110%, горивата за над 70%, струјата за над 30%.
Трошоците за живот се екстремно покачени, а владата ги понижува наставниците со 10% предлог за покачување.
Владата наместо со половични решенија треба да ги исполни барањата на СОНК, тие се минимално неопходни за обезбедување нормален стандард на наставниот кадар.
Македонија е можеби единствена земја во Европа каде наставниците имаат плата пониска од просечната плата.
Платата на еден наставник е далеку помала од синдикалната кошничка.
Платите во образованието мора да се зголемат. Владата да изврши нивелирање на коефициентот на сложеност на работните места во образованието.
Ковачевски наместо да им се заканува на СОНК, да ги исполни нивните барања. Наставниците се еден од столбовите на општеството.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ